October 27, 2021, 11:10 am

Произведен е последниот Ford Mustang Bullitt

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веројатно да не постои љубител на американските автомобили кој не го гледал култниот филм Bullitt од 1968-ма година каде легендарниот Стив Меквин (Франк Булит) го вози тогашниот темно зелен Ford Mustang GT Fastback.

Користејќи ја големата популарност на филмот, Ford уште во 2001-ва година во соработка со Warner Bros ја понуди првата специјална едиција наречена Bullitt која го доби својот наследник во 2008-ма година, а потоа и третата генерација во 2018-та година, точно половина век после култниот филм.

За жал, иако се смета за една од најпопуларните верзии на Mustang, глобалната криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот во 2020-та предизвика американската компанија да стави крај на производството на овој модел. Последниот примерок неодамна бил произведен во Форт Рок.

Дали моделот Bullitt во иднина ќе добие нова генерација, засега е навистина неизвесно и тешко може да се каже.

Latest News

(Видео) Мириса на Слобода: Нова песна на „Бизи“ која го нajaвува пaдoт на peжимот

„Мириса на слобода“, ова е името на новата песна на македонскиот рапер Бизи со која се најавува крајот на...

More Articles Like This