ПРОМЕНА НА ЛИСТАТА НА УНЕСКО?: Наместо Охрид, на лиcтата на зaштитени локации ќе се најдат „Мaркови кули“

  • October 4, 2019

Прилеп е домаќин на дводневниот меѓународен научен собир „Доцноcредновековни градови во централните делови од Балканскиот Полуостров, генеза развиток и структура“, на кој своите научни истражувања ги изнесуваат 27 учесници од Грција, Бугарија, Србија, Хрватска и од нашата земја.

Според Бранко Ристески, директор на прилепскиот Институт за старословенска култура, организатор на конференцијата, која почна вчера, во соработка со локалната самоуправа, целта е да се дообјасни средновековниот Прилеп.

-Целта е да добиеме релевантни податоци во еден културен контекст што се нарекува централно-балкански простор во кој се одвиваат процесите на развој на средновековниот Прилеп, изјави Ристески.

Крајните цели го допираат прашањето за комплексот „Маркови Кули“ кој претендира да биде на постојаната листа на УНЕСКО. Ристески објаснува дека според текот на фазите, се очекува за година – две да се постигне посакуваното.

– Првата фаза е формално-правна. Во моментов се изработува стратегиска оценка за зaгpoзeноста на подрачјето на „Марковите Кули“ и планот за управување. Краен рок за доставување, паралелно со Охридскиот регион, е до крајот на овој месец, а формално-правно до крајот на годинава ќе биде завршена првата фаза. Паралелно, тече процесот на реноминација, како единство на културни и природни содржини. Со тоа ги правиме првите чекори кон официјализација на процесот. Очекуваме за една до две години комплексот „Маркови Кули“ да биде позициониран на постојаната листа на УНЕСКО, објаснува Ристески.

Прилеп сака да се позиционира во научниот конгресен туризам со теми од културното наследство.

-Секако ги имаме Охрид, Крушево, но за ваквите научни теми, за историјата на културното наследство, Прилеп има добра перспектива. Индиректно, сакаме да развиеме и „туристичка експлоатација“ на овој простор, рече Ристески.

Учесниците денеска ја продолжуваат научната конференција со повеќе теми од доцно средновековниот период. Меѓу другите, ќе се најдат и темите за средновековни сведоштва за животот во Хераклеа, за средновековна Битола, како и за cудбината на откриените антички градови во Македонија.

МИА

Претходно «
Следно »