ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ТОПЛОВОДНАТА МРЕЖА НА ЕЛЕМ ЕНЕРГЕТИКА: Нова топловодна мрежа во повеќе населени места во Гази Баба

Поврзано

Додека Филипче тера партиски ПР, во Македонија близу 7.000 зaбoлeни од кoрoнaвиpyc

Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава...

Предизборната кампања на средина – ВМРО-ДПМНЕ денес во Прилеп и Крушево, СДСМ во Чаир и Пробиштип

Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина....

Делови од Карпош и Гази Баба утре без cтpујa

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека за ден 06.07.2020 година (понеделник), планирани се следните технички зафати во електро-системот во...

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и генералниот директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски, денеска во населеното место Хиподром го промовираа проектот за проширување на топловодната мрежа на „ЕЛЕМ Енергетика“ во повеќе населени места во општината.

– Со овој проект е предвидена поддршка и субвенционирање на изградбата на потстаниците, примарната и секундарната топловодна мрежа, како и мрежата за греење во самите објектите за колективно домување. Потстаниците, примарната и секундарната мрежа ќе биде изградена од АД ЕЛЕМ, Градот Скопје и Општина Гази Баба, односно ќе се изградат и инсталациите во самите станови, а потоа граѓаните ќе ја отплатат на повеќе рати. Сметам дека овој проект ќе предизвика голем интерес кај граѓаните, а со овој проект ќе се опфатат околу 1 050 домаќинства – кажа градоначалникот Трајковски.

Градоначалникот Трајановски изјави дека станува збор за одличен проект кој ќе има не само финансиски туку и еколошки бенефити за Скопје и неговите жители.

– Сметам дека овој проект е навистина потребен и се движиме во вистински правец во насока на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје. Ние во континуитет работиме и го помагаме зголемувањето на топловодната мержа за греење на БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика, бидејќи сметаме дека тоа е најефикасниот начин за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје. Со овој проект ќе се опфатат околу 1 050 домаќинства, кои од наредната грејна сезона ќе користат еколошки и енергетско ефикасен систем за централно греење, а не дрва и други видови  горива коишто повеќе загадуваат.  Покрај еколошкиот момент и енергетската ефикасност, со зголемувањето на бројот на корисниците на овој вид греење, очекувам и намалување на цените за греење и финансиски бенефит за граѓаните. Во реализацијата на овој проект АД ЕЛЕМ ќе учествува со 50 проценти, додека Градот Скопје и Општина Гази Баба ќе учествуваат со по 25 проценти – кажа градоначалникот Трајановски.

Генералниот директор за АД ЕЛЕМ Мицковски истакна дека ова е еден од големиот број проекти кои тие како претпријатие ги реализираат во насока на стимулирање на граѓаните што повеќе да се приклучат на топловодна мрежа во границите во Скопје.

– Проектот го работиме повеќе од една година, и првичните анкети направени помеѓу жителите на овие неколку населби покажаа дека постои голем интерес за приклучување на нашата мрежа за централно затоплување на домовите. Во моментов се работи на изготвување студии и проекти за изведбата, и очекувам истите да завршат до крајот на август, по што ќе се распишат јавни набавки за изведба на овие мрежи. Она што АД ЕЛЕМ го презема како обврска е да обезбеди бескаматно кредитирање за изградбата на топловодните инсталации во самите домаќинства, изградбата граѓаните ќе ја отплаќаат на повеќе години, а цената ќе биде пресметана во сметките за греење – кажа генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Мицковски.

Актуелно

Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка...

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

Повеќе вести