ПРОНАЈДЕНА БИБЛИЈА СТАРА 1200 ГОДИНИ: Турската полиција запленила Библија за која се верува дека е стара 1200 години!

  • February 5, 2019

Во полициска операција  во градот Дијарбекир, во југоисточниот дел на Турција, била запленета Библија за која се верува дека е стара 1200 години.

„Запленетата Библија имала само 34 страници, а била испишана со златни букви на кожени страници.“, беше изјавено.

Полицијата уапсила тројца осомничени кои се товарат за обид за продажба на Библијата. Уште тројца други биле задржани поради поврзаност со инцидентот.

Полициската акција била спроведена по претходна дојава за обиди за продажба на стар ракопис од Библијата.

Претходно «
Следно »