ПРОНАЈДЕНА БОМБА ВО БУДИМПЕШТА: Во тек е евакуација

  • September 29, 2016

Во една куќа во северниот дел на Будимпешта денес е пронајдена советска бомба од Втората светска војна, со вкупна тежина од 65 килограми, соопшти портпаролката на војската која додаде дека во тек е евакуација на таа област.

Авионската бомба ФАБ 50, која содржи 25 килограми експлозив, откриена е за време на реновирањето на една станбена куќа.

Полицијата ја блокирала областа во која се наоѓаат околу 500 куќи и една здравствена институција.

Експертите за деактивирање на експлозивни направи се наоѓаат на лице место, пренесува МТИ.

Претходно «
Следно »