May 16, 2021, 11:03 am

Пронајдени фалсифиkyвани вакцини на Фајзер во Мексико и Полска

Поврзано

- Advertisement -

Пронајдени се фалсификувани верзии на вакцината Фајзер против коронавирус во Мексико и Полска, соопшти американската фармацевтска компанија „Фајзер“.

Властите во двете земји ги заплениле дозите и со тестирање потврдиле дека се лажни.

Вакцините пронајдени во Мексико имале лажни етикети, додека тие од Полска содржеле средства против брчки наместо вакцини, пишува Би-Би-Си.

Приближно 80 лица на клиника во Мексико добиле лажна верзија на вакцината што не е опасна по здравјето, но не обезбедува заштита од коронавирус. Полските власти пак, соопштија дека откриле лажни дози во стан на осомничен и дека никој досега не ја примил лажната вакцина.

Неколку лица се уапсени за лажните вакцини.

Latest News

Гутереш зaпpeпacтeн oд cтpaдaњaтa нa цивилитe вo Гaзa

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

More Articles Like This