ПРОПАДНАА СИТЕ НАДЕЖИ: Oд полноќ започнува трговската војна на Кина и Америка

  • July 4, 2018

Кинеските царини во износ од 34 милијарди американски долари за стоки од САД ќе влезат во сила на полноќ на 6 јули, по Пекингшко време.

Вашингтон претходно објави дека ќе наметне тарифи за кинеската стока во вредност од 34 милијарди долари на 6-ти јули, а Пекинг одговори дека истиот ден ќе возврати.

Поради временска разлика, кинеските царини стапуваат во сила пред оние на САД, пишува Капитал.

“Нашите мерки се исти, што значи дека ако САД започне на 6 јули и ние ќе почнеме на 6 јули”, изјави изворот кој сакаше да остане анонимен.

Да потсетиме, Кина рече дека е “целосно подготвена” за трговска војна со САД.

Надежта за надминување на тензиите помеѓу овие две најголеми економии во светот се намалува.

Претходно «
Следно »