ПРОПАЃА „РЕВОЛУЦИЈАТА“: Најгнасните експоненти се вртат против СДСМ, откако ги увидоа лагите на Заев!

  • May 31, 2016

Откако увидоа дека во таканаречената „Шарена Револуција“ не постои ништо граѓанско и искрено, најгнасните експоненти на соросоидите почнаа отворено да се вртат против СДСМ и лагите на Заев, кој заедно со „чадорот“ финансирани од крвавите пари на Сорос и УСАИД ги користеа хулиганите кои преку демолирање, фарбање и уништување на Македонската култура и историја требаше да ја одработат агендата која „чадорот“ ја испорача до СДСМ

Пред неколку месеци Заев изјави дека веќе биле спремни за избори и имале испечатено преку половина милион парчиња програми, флаери, рекламен материјал и дека биле организирани штабски, потполно спремни за избори. Но, како што видовме, дури и по чистењето на избирачкиот список и меѓународната гаранција за легитимноста на истиот, Заев се исплаши од изборите и реши да плаче кај странците за уште едно одложување.

Веднаш потоа започнаа насилни демонстрации, организирани од СДСМ, платени од крвавите пари на Сорос и УСАИД, а наводно беа организирани поради аболицијата на Иванов. Откако и таа беше повлечена, СДСМ повеќе нема причина да испраќа безделници и хулигани на улиците, па побара импичмент за Иванов, идеја која исто така од стартот им е осудена на пропаст.

Од рекламниот материјал на Заев и од спремноста на изборите, вчера можевме да видиме дека тие навистина инвестирале во таков материјал. Единствената разлика е во тоа што, рекламниот материјал на СДСМ не биле програми, флаери и идеи за подобрување на животот на граѓаните, туку боја, пластични пушки, катапулти и друг материјал наменет за уништување на она што досега е направено за граѓаните на оваа држава.

Откако увидоа дека се користат како топовско месо во рацете на СДСМ и „чадорот“, експонентите на СДСМ и соросоидните организации решија да се свртат против лагите на Заев, па така најгнасниот експонент Бранко Тричковски, на ФБ побара импичмент за СДСМ, и дека е време кондомите со боја да се најдат на масите и во лицето на оние кои секојдневно во „Корзо“ заговараат насилства и хулиганство.

Инаку, Тричковски минатата година додека траеше анти-терористичката акција во Диво Насеље порача дека оние полицајци кои не загинале таа можност ќе ја имаат во иднина, и дека тој на нив не би им дал ниту вода да се напијат.
trickovski_svinja1

trickovski_fb

Претходно «
Следно »