ПРОТЕСТИ ВО ПЕЌ: Семејствата на теро ристите од Диво Насеље протестираа против Рама поради бегството на Груевски

  • November 26, 2018
  • Коментари

Членови на семејствата на осудените за настаните во Куманово во мај 2015 година протестираат утрово во Пеќ со барање за нивно ослободување и со обвинувања на поранешниот македонски премиер Никола Груевски за споменатите настани, јави МИА од Приштина.

Протестот се одржува пред хотелот „Дукаѓини“, каде што се одржува заедничката седница на Владите на Косово и Албанија, а насобраните носат пароли во кои прашуваат „Каде е сега Никола Груевски“ и „Каде останаа момчињата од кумановската група“. Освен тоа, има и написи со кои се потсетува албанскиот премиер Еди Рама дека „Груевски побегна преку Албанија“.

– Срамно е за албанската Влада што му помогна на Никола Груевски да побегне од Македонија преку Албанија, а никогаш не покажа грижа за оние што се во затвор за настаните во Куманово, изјави Шихрете Зека, мајка на Ваљдет Зека, еден од осудените во кумановскиот случај.

За настаните на 9 и 10 мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонската полиција и 14 припадници на кумановската група, во ноември минатата година беа осудени вкупно 33 лица, од кои седуммина со доживотен затвор, а останатите со затвор од 12 до 40 години.

Претходно «
Следно »