ПРОТЕСТИ И ВЕЧЕРВА ВО ПРИЛЕП:Против двојазичноста и ЗА спроведување на попис

  • March 20, 2018

Со блокирање на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Прилеп, граѓани и вечерва протестираа поради донесувањето на законот за употреба на јазиците, за кои тој значи разнебитување на македонскиот народ.


Некои побараа и спроведување попис на населението за да се утврди и процентот на националностите кои живеат во државава, зашто, велат, и како такви ги уживаат сите човекови права, а правата не се мерат според процентите.
Околу петнаесеттина граѓани во текот на денешниот ден добиле и покани за информативен разговор за утре во прилепската полиција за нарушување на јавниот ред и мир.
Сообраќајот на дел од булеварот во центарот на градот беше блокиран 40-ина минути.

Претходно «
Следно »