ПРОТЕСТИ ПРЕД СОБРАНИЕТО: Граѓани протестираат додека Столтенберг држи говор пред пратениците!

  • January 18, 2018

Под силно полициско обезбедување, претпладнево пред Собранието се одржа протест на кој граѓаните го изразија своето незадоволство од постапките на НАТО, во пресрет на обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред пратениците

 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера и денес присуствува во Скопје каде се сретна со високи владини и државни претставници, а денес ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Р.Македонија.

Претседателот Иванов го повика Столтенберг НАТО што побрзо да го отвори патот кон зачленување на НАТО, потенцирајќи ја неприцнипиелноста на меѓународната организација кога станува збор за Македонија.

Граѓаните кои протестираат пред Собранието не се согласуваат со членството во НАТО и промена на името поради членство во било која друга меѓународна институција.

 

 

Претходно «
Следно »