ПРОТЕСТ НА ЛЕВИЦА: За поддршка на работничка отпуштена од Веро за време на боледување

Поврзано

Јолевски – Ги повикувам иceлeниците кои се во Македонија да излезат да гласаат

Престојните парламентарни избори се единствена шанса за изправување или продолжување на правецот во кој се движи Македонија. Изборот на...

(Видео) Се oткaжa од СДСМ после 20 години тpчaњe за партијата

После 20 години работа и трчање за партијата, гостиварецот Спиро Спироски вели дека е крајно разочаран и навреден од...

Пандов: Правда за Панчевски

Велешкиот суд вчера му определи притвор на експретседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски откако наводно не се појавил на...

Политичката партија Левица денес во 12 часот ќе организира протест пред маркетот Веро 5 – Скопје, во близина на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) и поликлиниката Идадија. Повод за протестот ќе биде отпуштањето на работничка од страна на Веро за време на користењето боледување од нејзина страна.

„Со месеци наназад, Левица нуди правна помош на работниците чии работнички права се прекршени. Во процесот, бевме сведоци на недостатокот на моќ и волја на надлежните институции да се справат со проблемите кои ние ги пријавуваме, па отсега сме приморани на порадикален начин да бараме овие закони да се почитуваат. Нивната намена не е само да постојат на хартија – за нив работниците макотрпно се избориле, за да уживаат барем малку слобода, дури газдите го цедат и последниот денар профит од нив.

Работничките права мора да се почитуваат. Законот забранува отпуштање работници за време на одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство, нега на член на семејството и неплатено родителско отсуство. Законот налага отказот да биде врачен во писмена форма за да може работникот да поднесе приговор и потоа да поведе судски спор против одлуката на работодавачот.

Газдите си дозволуваат да не ги почитуваат правата на своите вработени. А кога работниците не им се послушни до максимална мера, веднаш посегаат по отпуштањето. Пред таквото однесување на газдите не смее да се замижува. Левица цврсто застанува во одбрана на работничките права и нема да дозволи да се прекршуваат во практиката. Така било досега, така ќе биде и отсега“, велат од Левица.

Актуелно

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар...

ДАЛИ БРОДОТ НАРЕЧЕН СДСМ ГО ИЗГУБИ КОРМИЛАРОТ : Во државниот инспекторат за земјоделие вработувања во предизборието !

Повеќе од јасно е дека бродот наречен СДСМ го изгуби кормиларот, а и компасот воопшто не им работи. Така на пример, Зоран Шапуриќ од ДИЗ...

Мамата у…- како се менуваше името на еден народ!

Минува и втората година како е променето македонското име, но се чини болката кај македонскиот народ се уште е иста, како нож во срце...

(Cтpoгo дoвepливo)Палчо објави „kaтиљ ферман“ за Мијалков, Заев, Русковска и Кацарска во врска со организацијата на 27.април

Политичкиот аналитичар Љупчо Палевски, рано изутринава околу 01.00 часот по полноќ на својот ФБ профил објави „катиљ ферман“ составен во Управата за безбедност и...

(Видео) Кичеец беше повикан на давање на дополнителни информации и сознанија

На разговор, односно на давање на дополнителни информации и сознанија беше повикан Зоран Милески-Кичеец, истакнува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за...

Повеќе вести