ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА: Вработените во „Еурокомпозит“ со шатори пред влада!

  • March 6, 2018

Синдикатот на „Еурокомпозит“ од Прилеп потврди дека денеска вработените ќе протестираат пред владата. Синдикалецот Роберт Богдановски најави дека вработените ќе пристигнат пред зградата на Синдикатот, а потоа ќе се упатат кон Владата.

Бараат средба со премиерот Заев, како и исплата на заостанатите 16 плати. Тие вчера го блокираа патот Прилеп- Градско.

Вицепремиерот Анѓушев вчера најави дека за неколку месеци Владата ќе изнајде решение за Еурокомпозит, а работниците ќе добијат плата кога ќе почнат со работа.

Претходно «
Следно »