Протест против Орбан во Загреб: Депортирајте го него, а не мигрантите!

  • December 4, 2018

Група демонстранти го пречекаа унгарскиот премиер, Виктор Орбан, пред хотелот „Еспланаде“ во Загреб, каде се одржува самитот на Централноевропската иницијатива, во кој учествуваат премиерите на Унгарија, Албанија, Словенија, Македонија и Романија.


На протестот беа истакнати транспаренти на кои пишуваше: „Депортирајте го Орбан, а не мигрантите“ и „Смрди на фашизам“. Во протестот учествуваа Ценарот за мировни студии и иницијативата „Добродојдовте“.

-Сакаме Европа и ЕУ во која подеднакво важат сите човекови права и подеднакво се применува владеењето на правото, во која нема црни оази како Унгарија, во која овие вредности се загрозени – изјавија демонстрантите.

Од вкупно 18 членки на ЦЕИ, во Загреб пристигнаа петмина премиери. Останатите членки ги претставуваат амбасадори и делегации.

Претходно «
Следно »