ПРОТИВ КОГО САД ГИ ПОДИГНУВА НУКЛЕАРНИТЕ БОМБАРДЕРИ: Политика на лудачка кошула – САД ризикува нуклеарна војна, подигнувајќи нуклеарни бомбардери против Северна Кореја!

  • October 23, 2017

Предупредувањето на Вашингтон дека може да ги подигне нуклеарните бомбардери Б-52 во состојба на борбена готовност пред се е наменето на Северна Кореја и Виетнам, вели за Спутник Олег Пономаренко од Центарот за стратешка конјуктура. Тој верува дека САД планираат напади на некого, а најавата на генералот на Военото воздухоловство на САД Дејвид Голдфејн се толкува како американски воен врв да планира дополнително стекнување на искуство за воздухопловните сили

„Меѓутоа, тука постои и одредена врста на политичка порака, односно демонстрација на сила. Но, ако ги согледаме работите реално, мали се шансите дека во догледна иднина ќе дојде до користење на нуклеарно оружје. Оваа порака е пред се наменета на Северна Кореја и Иран, имајќи во предвид дека односите помеѓу Вашинтон и Техеран се влошени, а Трамп сака да излезе од нуклеарниот договор со Иран“, вели Пономаренко.

Тој додава дека, како секоја велесила, САД во обзир ја земаат можноста за воен судир со противниците на најголемо ниво, како Кина и Русија, која последните неколку години ја зајакнува авијацијата.

„Меѓутоа, во сегашни околности такво сценарио е потполно невозможно, што не значи дека САД не спремаат такво сценарио“, вели Пономаренко.

Рускиот воен аналитичар Алексеј Леонков, директорот на часописот „Арсенал на татковината“, вели дека Москва како и нејзиниот сојузник Пекинг имаат големи можности да одговорат на овој американски потек гој е насочен против Северна Кореја во кој директно се загрозува источната граница на Русија и Кина.

Тој вели дека Северна Кореја има свои системи на ПВО и ПРО, но и дека тие се во состојба да ја одбранат земјата во случај на евентуална американска агресија.

„Меѓутоа, Русија и Кина имаат доста модерни системи за ПВО и ПРО и ако треба, Русија е спремна да одговори со помош на С-300, С-400, системот „Бук“ и „Тор“, како и со помош на ловците-пресретнувачи МиГ-31. Треба да се има предвид дека Б-52 е добар бомбардер, но сепак е малку застарен и станува погодна мета за современите системи на ПВО“, вели Леонков.

Претходно «
Следно »