ПРОФЕСОРКАТА НАТАША КОТЛАР „ИСКОМПЛЕКСИРНО“ МУ ОДГОВОРИ НА ДИМИТРОВ: Срам ни е нам, што ве слушаме, а и „учебникарите“ комисиски што бунцаат за историјата наша!

Поврзано

ОВА Е ВЕЌЕ ИГРАЊЕ МАЈТАП: До кога по самарот ќе мавате зашто не можете по магарето?

Нема дилеми одамна. Македонците се жpтви на апартхејд во сопствената земја. Ова е веќе играње мајтап со нас. Се...

ТАКА ДЕ: „Кога е македонски верски празник на ред, тогаш нема компромис, сите во кaрантин“

Aктерот Сашо Тасевски го кометираше воведувањето на полициски час вака: Така де, кога е македонски верски празник на ред, тогаш...

„ВИЕ СТЕ КОРУМПИРАНИ СУРАТИ УПИКАНИ ВО ЗАДНИЦИТЕ НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ: Пандов со остра реакција до Комисијата за заразни болести

Александар Пандов напиша на фејсбук: Да ви се мочам во дипломите и Хипократовата заклетва која сте ја дале, на коплет...

Професорката Наташа Котлар од Институтот за национална историја испровоцирана од изјавата на министерот за надворешни работи, кој рече дела македонската нација е искомплексирана, му одговори на надмениот министер дека „има „сили во воздухот“ кои очајно прават сè да ни го отткорнат коренот македонски, нашиот историски опстој и право на суверинитет“.

Текстот од објавата ви го пренесуваме во целост:

„Оф, логика, о знаење на историјата, о големо „умување“ на г-от Димитров и нему сличните!
Ние Македонците не сме нација со комплекси, напротив!

Срам ни е нам, што ве слушаме, а и „учебникарите“ комисиски што бунцаат за историјата наша! Постои научна продукција од 73 години во РМ! Во оваа научна ризница, се истражува, проучува и се пишуваат огромен број на дела за историскиот развој на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, фолклор итн.

Но во сегашново време има „сили во воздухот“ кои очајно прават сè да ни го отткорнат коренот македонски, нашиот историски опстој и право на суверинитет. Генезата на македонскиот народ (како и на другите народи) има длабока вертикала на вкрстување во историскиот контекст од антиката до современието. Намерно не велам дека линијата е директна! Таа поврзаност ја согледале и нашите преродбеници од 19 век.

Така, учебникарот Димитар Василев Македонски од с. Емборе (денес во Егејскиот дел на Македонија), прв истакнал: „Македонците не се загубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да велат, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне“ (1871).

Слично на него и ГРИГОР ПРЛИЧЕВ, оној истиот „Гр.С.Пърличев, убит от българи“, на прославата одржана по повод 1000-годишнината од смртта на св.Методиј (1885) во егзархиската гимназија во Солун, на убав македонски јазик што имало специфичен резонанс во таа свечена атмосфера, го рекол следново:

„Учителите…[треба, б.н.] да ги учат вашите деца да станат добри граѓани и да си ја подигнат татковината, оваа убавица Македонија, оваа топла и благодатна Македонија, оваа плодовита Македонија, која ги подарила светите Кирил и Методија.

Не сте ли уверени, господа, оти нашата Македонија денеска е најдолна од сите земји во светот? Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението… Мајка Македонија многу е ослабнета.

Откако го породи великого Александра, откако ги породи светите Кирила и Методија, оттога мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнеможена, совршено примрена Мајка што родила великого сина надали ќе може да роди и другего?…“

Има уште многу, но за сега и ова е доволно за гореспоменатите (не)читачи! Книгите треба да ги читаме, заради стекнување на знаења и стекнување на цврст став и однос!“, пишува Котлар во обраќањето до Димитров кој предходно упати навредливи оценки за психолошката состојба на македонскиот народ.

https://www.facebook.com/kotlarn/posts/10156663733608070

Актуелно

БЕВ ВО РЕСТОРАН, И ЌЕ СИ ПЛАТАМ КАЗНА: Мицкоски на Фејсбук жали што во услови кога имаме 100 заболени од корона, власта се занимава...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил вечерва ја потврди информацијата дека во текот на попладневните часови...

ГЛУПАВА ОДЛУКА: Зошто Филипче избега од ова прашање?!

“Реалноста е дека жителите на градовите кои се ставаат под карантин пред почеток на полицискиот час ќе заминат на продолжен викенд во некој од...

КОРЕКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ВЛАДАТА: Во уште една општина забрана за движење од четврток до понеделник

Во продолжение на 60-тата седница што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза...

ИСКЛУЧОЦИ ОД ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Полицискиот час не важи за овие категории на физички и правни субјекти

Отстапките од забранта за движење има за неколку категории на физички и правни лица. Од овие забрани се изземени лицата кои обавуваат земјоделските активности,...

(Видео) ДЕТАЛИ ОД ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Карантин за дел од државата, забрана за одење на гробишта за целата земја

Владата на предлог на Комисијата за заразни донесе одлука за воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни)...

Повеќе вести