August 9, 2020, 11:43 am

ПРОФЕСОРКАТА ТРН ВО ОКО НА ВЛАСТА: Додека Каракамишева е член на Венецијанската комисија Законот за двојазичност нема да биде испратен!

Поврзано

Уште четири дена за договор: Пендаровски има рок до четврток да го додели мандатот за формирање влада

Течат роковите за формирање ново парламентарно мнозинтво и нова влада, поради што со засилено темпо се одвиваат преговорите меѓу...

ТАРАВАРИ ГО КАЖА УCЛОВОТ – во влада со ДУИ ако Зибери е премиер

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, вчера за телевизија Телма кажа дека коалицијата на Алијанса со Алтернатива...

Таравари: Би влегле во коалиција со ДУИ само под еден yслов

Би влегле во Влада со ДУИ само доколку мандатар биде Насер Зибер, истакна за Телма, Арбен Таравари, од Алијансата...
- Advertisement -

Власта одлучи – Законот за двојазичност нема да оди на оценка во Венецијанската Комисија додека таму е професорката по уставно право, Тања Каракамишева. Вицепремиерот Османи јавно ја посочи како пречка бидејќи влијаела на другите членови објективно да одлучуваат за одредбите на Законот, кој веќе стапи во сила без потпис на претседателот.

Се огласи и професорката Каракамишева. Во статус на социјалните мрежи му возвраќа на Османи, но и му објаснува – дека национален претставник нема право да гласа за мислење на закон што доаѓа од државата од која е испратен претставникот.

-Бујар Османи денес на прес-конференција рекол дека законот за јазиците не го пратиле до сега во Венецијанската комисија само затоа што јас сум била таму член?! Човеков со ноќна мора од професор Каракамишева мора да знае дека национален претставник нема право да гласа за мислење на закон што доаѓа од државата од која е испратен претставникот. Епа друже Бујар, знам каде ти лежи маката и болката. Паметните луѓе ги прашуваат паметните, секаде и секогаш! Така ќе биде и овојпат!, напиша професорката.

Велејќи дека досега сите закони владата ги испраќала до Венецијанската Комисија, Османи призна дека ја имаат прекршено целата постапка неиспраќајќи го Законот за јазици. Сепак вицепремиерот за европски прашања потврдува и дека двојазичноста ги обврзува институциите во определен рок да се прилагодат на законот. Доколку власта одлучи да се испрати законот на верификација ќе се испратат само одредбите кои се однесуваат на униформите и парите.

Досега професорската фела постојано алармираше дека Законот е целосно во спротивност со Уставот, а дополнително спорна е и целата процедура на негово носење. Сепак ваквата постапка на оценка на законите веќе е задоцнета, бидејќи Комисијата дава оценка на законските решенија пред истите да бидат изгласани.

Latest News

Додека граѓаните плаќаат поскапи сметки за струја, фирмите на Заеви нижат профити

Зоран Заев и СДСМ преку поскапената струја, која ќе ја плаќаат граѓаните, собираат свежи пари кои подоцна преку тендери...

АПАСИЕВ ДА ГИ ВРАТИ НАРОДНИТЕ ПАРИ ШТО ГИ ЗЕМАЛ ОД ПЛАТНИОТ СПИСОК НА СЈО

Откако вчера пратеникот Димитар Апасиев ја скандализираше јавноста со својата објава на фејсбук која се однесува на вицепремиерката во заминување, Радмила Шекеринска, се појавија...

Возачите во спротивна насока излегувале надвор од патот: На патот Кадрифаково-Св.Николе избегнати три сообpaќајни нecpeќи

Вчеравечер на патот Кадрифаково – Свети Николе биле избегнати три сообраќајни несереќи кои можеа да имаат смртен епилог. Како што велат очевидци, возачите...

Дознајте зошто Спенџарска не сака да се лаже самата себе

Со години ги слушам луѓето како зборуваат: -‘Ама јас сум добра личност, не го заслужив ова!’, истакна на својот Инстаграм профил познатата македонска водителка и...

Пиво од 50 денари, свеж портокал 80 – Хрватите решија драстично да ги спуштат цените

Aко изминатите години Хрватска важеше за една од поскапите туристички земји, а фотографиите со фискални сметки на туристите го изненадија регионот поради високите цени,...

More Articles Like This