ПРОФЕСОРОТ ЦУЦУЛОВСКИ ЗА „БИСЕРИТЕ“ НА ПЕНДАРОВСКИ: Дали според претседателот историскот ВМРО било пробугарска организација

Поврзано

Коронавирусот ја одложи Галичката свадба, наместо на Петровден ќе се одржи на Пресвета Богородица

Месната заедница Галичник објави дека поради предизвикот со коронавирус, и во интерес на заштита на јавното здравје како врвен...

Дијаспората со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мавчев од Мелбурн Австралија преку својот Фејсбук упати видео порака до граѓаните...

Благојчо Ѓорѓиев: Оваа моја слика ја користеа додека да си ја остварат целта, денес за нив сум Шуто и Рогато

„Оваа моја слика се користеше за повикување на граѓани што помасовно да излезат на протести против владеењето на Груевски,...

ВЕОМА МНОГО НЕСТАНДАРНО. Во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, Стево Пендаровски тврди: „Историски парадокс беше наследникот на ВМРО да се чувствува поблизок до Белград отколку со Софија. “ Значи ли тоа дека според Пендаровски историското ВМРО е пробугарска организација, па мора да биде блиска со Софија? Понатаму, тој смета дека за времето на СФРЈ, односно, како што тврди, комунистичкиот режим, „… се исмевавме со бугарскиот народ…“ и дека „… тоа беше во прилична мерка реставрирано во времето на Груевски…“ Прво, Пендаровски треба децидно да каже во што го гледа исмевањето со бугарскиот народ и второ, што е поболно и попонижувачко: претпоставеното исмевање со бугарскиот народ или денешното бугарско негирање на македонскиот народ, на неговата историја и јазик? Не може нешто само да се тврди (колку да се тврди) без да се образложи и поткрепи. Тоа не доликува никому. Најмалку доликува на човек кој е, или би требало да биде претседател на една држава, макар таа држава била и неговата Северна Македонија. Сепак, со ова не завршуваат мудрувањата на Пендаровски, туку тој продолжува: „Значи, да знаете, Бугарија како држава во времето на Никола Груевски не постоеше воопшто… “ Како тоа (и во чие време) Бугарија како држава не постоела?

Дали за време на СФРЈ некој го негирал нејзиното постоење? Или, можеби, некој тоа го правел во Република Македонија, од нејзиното осамостојување, па досега? Ако е така, веднаш да биде пријавен! Понатаму, знае ли Пендаровски дека во Бугаријаи и денес за Република Македонија се говори како за стара Бугарија? Дека, со други зборови, не е заборавен сонот за Санстефанска Бугарија? Ако знае, тогаш нека каже нешто и за тоа, наместо да тврди дека ние (кои му се, пак, тие „ние“?) „… за првпат со Зоран Заев и со Бојко Борисов добивме политичари, кои се нестандардни и не се оптоварени со историски товар и емоции.“ Дека овие политичари се нестандардни и дека се надвор од кој било познат стандард, секому е познато. Затоа, и нема потреба да повторува вакви банални констатции. Меѓутоа, треба да објасни дали сѐ што е нестандарно има позитивен предзнак или можеби има и девијантни нестандарни однусевуња, бидејќи нестандарно е да бидете поплавени/потрупани од секакви тврдења и политики. Сепак, тоа не значи дека таквата состојба, колку и да е нестандарна, е пожелна. Конечно, Република Македонија има право (барем еднаш!) да се гради стандарно, наместо нестандарно, односно како кому ќе му текне. П.С. Целиот интервју може да се прочита на следниот линк, за да не се повтори фамозното тврдење дека нечии изјави биле извадени од контекст:

ВЕОМА МНОГО НЕСТАНДАРНО. Во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, Стево Пендаровски тврди: „Историски парадокс беше…

Julkaissut Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski Sunnuntaina 1. joulukuuta 2019

Актуелно

(Аудио) Вице Заев и екипата купуваат гласови во Струмица?

Веќе проверената технологија на купување на гласои за која читавме и слушавме на снимка што ја објави италијанскиот весник...

Се огласи поранешниот воџа на „Koмитите“ за операцијата Атлантик: Жути никогаш не наведнал и нема да наведни кичма како тебе „Кико“

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за следење на македонски граѓани поради наводен домашен тероризам, поточно македонски екстремизам....

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Свети Николе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Свети Николе. Проследете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/602440627318143/

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За...

120 нови случаи на Koвид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4,...

Повеќе вести