Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски е нов прeтседател на Сојузот на математичарите на Македонија

Поврзано

Неизвесен 1.септември: Ќе седнат ли децата во училишните клупи?

Дали учениците ќе седнат во школските клупи од 1.септември? Ова е прашањето што уште од сега ги мачи најголемиот...

Избран ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Универзитетската изборна комисија ја објави Одлуката за утврдување избран кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ според...

Скандалозна постапка за избор на ректор на УКИМ

Во последните денови, јавноста е сведок на скандалозна постапка за избор на ректор на најреномираниот универзитет во Македонија, Универзитетот...

Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски е нов прeтседател на Сојузот на математичарите на Македонија. На вонредното собрание што се одржа вчера на Машинскиот факултет во Скопје математичарите конечно избраа нов предводник. Математичарите чекаа три години претходниот претседател Алекса Малчески со истечен мандат да свика вонредно собрание за да може да се избере ново раководство. Тој го раководеше сојузот од 2012 година.

Ѓорѓи Маркоски е професор на Природно-математичкиот факултет. Тој е член и на Управниот одбор и на СММ. Другите шест члена на одборот се: Делчо Лешковски, Катерина Хаџи-Велкова Санева, Слаѓан Станковиќ, Петар Соколоски, Никита Шекутковски, Мирко Петрушевски.


Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски

Членови на надзорен одбор се: Трајче Ѓоргиевски, Мартин Лукаревски и Бојан Јовески.
Математичарите си посакаа успешна, чесна и транспарентна работа, во која учениците и студентите ќе бидат најсреќни, а родителите и професорите ќе се гордеат со нивните успеси.

– Мора прво да ја видам финансиската состојба на Сојузот. Со оглед на тоа дека организирањето на натпреварот „Кенгур“, кој му носеше најмногу пари на сојузот, од пред некое време го презеде здружението на Малчески – „Армаганка“, ќе мора да најдеме начин како да се финансираме. Ако можеме, ќе интервенираме во меѓународната организација на „Кенгур“ за да ни ги вратат правата за организирање.

Во првата фаза ќе назначиме уредници на списанијата што ги издаваме. Ќе реагираме во однос на предлог-законот за основно образование, иако на ниво на Природно-математичкиот факултет веќе упативме забелешки. Членството во Сојузот не ни е ажурирано, ќе работиме на неговото зајакнување. Имаше локални разграноци што низ годините се откинаа од Сојузот поради лоша комуникација или некомуникација со претходното раководство. Сигурен сум дека тие ќе се вратат – посочува Маркоски.
Тој додава дека мора да се најде системско решение за проблемот со финансирањето на олимпијадите.

Актуелно

(Аудио) Вице Заев и екипата купуваат гласови во Струмица?

Веќе проверената технологија на купување на гласои за која читавме и слушавме на снимка што ја објави италијанскиот весник...

Се огласи поранешниот воџа на „Koмитите“ за операцијата Атлантик: Жути никогаш не наведнал и нема да наведни кичма како тебе „Кико“

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за следење на македонски граѓани поради наводен домашен тероризам, поточно македонски екстремизам....

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Свети Николе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Свети Николе. Проследете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/602440627318143/

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За...

120 нови случаи на Koвид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4,...

Повеќе вести