ПУКАЊЕ ВО БУТЕЛ: Рафална стрелба се слушала до рано изутрината, МВР тврди дека имало свадба попладнето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера во периодот од 19.50 до 20.10 часот било пријавено дека на улицата „Петар Манџуков“ се слушнале истрели од оружје.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен бил увид во дворно место од куќа, сопственост на С.Т. (56), каде имало семејна веселба, по што на местото на настанот затекнати биле и лицата Љ.Т. (28), А.Т. (21), Е.Т. (22), Д.И. (23). Повредени лица нема.

Подигнати биле 16 чаури кои се предадени за понатамошно вештачење. Од лицата затекнати во куќата подигнати се барутни тестови и облека.

Се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот. – велат од МВР.

 

Во текот на вчерашниот ден пак, граѓани ја контактираа нашата редакција со информација дека до 3.30 часот изутрината слушале рафални истрели кои ги вознемириле бутелчани.

Од утрово следам по порталите и во медиумите да прочитам или слушнам за пукање што се случи во Бутел 1 околу 3 часот и 30 минути.
Имено, во посочениот временски период додека спиевме не разбуди рафал од автоматско оружје и не вознемири сите дома што создаде немир и прашање кој тоа пука и сее страв.
Би сакала да ве информирам дека не се обидовме да утврдиме од каде беше пукано освен што беше многу близу мојата куќа на Хо Ши Мин.
Доколку сте во можност направете напори и информирајте дека се има ова случено во Бутел 1.
Со почит, ваша редовна читателка. – информира за Инфомакс жител на населбата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This