ПУТИН НАСТАПИ ПРЕД АМЕРИКАНЦИТЕ: Владиниот канал на САД го пренесуваше говорот на Владимир Путин!

  • December 2, 2016

Американската телевизија „Си-Спан 2“, која обично ги пренесува сите важни државни случувања, во директен пренос го пушти получасовниот фрагмент на вчерашното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин во Федералното собрание. Во советот на Федерацијата сметаат дека американските медиуми однапред почнале да ја спроведуваат надворешната политика на новоизбраниот претседател

putin_sa

Говорот на рускиот претседател можеа да го следат милиони Американци,а преносот бил пропратен со синхронизиран превод и пратечки титлови. Покрај тоа, кратко се соопштени и главните теми на говорот на Путин, почнувајќи од внатрешните прашања, преку економски, па се до пораките за тоа дека Русија не сака непријателски односи со никого, како и дека желба за соработката помеѓу Кремљ и новоизбраната администрација во САД.

Преносот на обраќањето на Путин изненади многу Американци. Иако таа телевизија и претходно пренесувале поединачни настапи на руски претставници, досега никогаш директно не го пренесувала настапот на рускиот претседател.

Руските медиуми оценуваат дека малку е веројатно дека се работи за техничка грешка со обзир на тоа дека е организиран и превод, како и дека главните теми биле титлувани, иако најверојатно овој владин канал однапред се обидел да се адаптира на новите барања на администрацијата на Белата Куќа имајќи во предвид дека Доналд Трам во повеќе наврати зборуваш за обновување на руско-американските односи.
„Иако Трамп сеуште не ја преземал власта, државниот апарат веќе почнува да се адаптира на него. Верзијата дека преносот бил дело на руски хакери е неоснован. Станува збор за официјален канал на САД. Токму поради тоа очекуваме измени, односно конкретни чекори во корист на Русија“, рекол членот на Комитетот за меѓународни односи на Советот на Федерацијата на Русија Игор Морозов.

Претходно «
Следно »