October 21, 2021, 12:29 pm

Пчели yбилe загpозeн вид на пингвини во Јужна Африка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 60 африкански пингвини, кои се загрозени видови, загинаа од убоди од пчели во близина на Кејп Таун, велат екологистите од Јужна Африка.

Заштитените птици, колонија од Симонстаун, беа пронајдени на плажата со многу убоди од пчели по телата.

Обдукцијата покажа дека пчелите ги боцкале пингвините околу очите и на делови што не им биле покриени со пердуви.

– Ова ретко се случува и сметаме дека станува збор за случајност – вели Дејвид Робертс.

Претставници на националниот парк велат дека ова е прв познат напад од ваков вид на светски познатата плажа Болдерс, која привлекува 60.000 посетители годишно.

– Пингвините и пчелите обично живеат во соживот – вели д-р Алисон Кок, морски биолог од Агенцијата за национален парк на Јужна Африка.

– Пчелите не напаѓаат доколку не се предизвикани – претпоставуваме дека нивната кошница во таа област била нападната и тоа ја предизвикало нивната агресија – додава д-р Алисон.

– За жал, пчелите наидоа на група пингвини.

Еден од пингвините бил убоден дури 27 пати. Пчелите умираат по убодот, а голем број мртви пчели се пронајдени на самото место.

Џени Калинен од Африканскиот институт за диви пчели апелира до жителите да престанат да чуваат кошници со пчели во градините.

Африканските пингвини се мали и живеат на брегот и островите во Јужна Африка, а исто така ги има и северно од Габон. Нивната популација брзо опаѓа, а Меѓународната унија за заштита на природата вели дека тоа главно се должи на комерцијалниот риболов.

И пчелите од Кејп Таун се дел од локалниот екосистем и живеат во неколку заштитени подрачја.

Latest News

(Фото) Македонски навивач експлодиpaше од радост на Олд Трафорд – го развеа знамето од Кутлеш веднаш зад Роналдо

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се кренаа јуначки после непријатната негатива од 0:2 против незгодната Аталанта. Но потоа следуваше феноменален...

More Articles Like This