October 27, 2021, 8:45 pm

„Пaдна американскиот okyпатор“: Хамас им честиташе на Талибанците за победата над Американците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Палестинскиот Хамас денеска го поздрави враќањето на Талибанците на власт во Авганистан, означувајќи го како „победа“ и му честиташе на авганистанскиот народ за, како што беше наведено, „победата“ на Соединетите држави.

„Му честитаме на муслиманскиот авганистански народ за поразот на американскиот окупатор низ Авганистан и му честитаме на талибанското движење и неговото храбро раководство за таа победа, што е кулминација на долгата борба во изминатите 20 години“, рече исламскиот екстремистички Хамас.

Хамас посакува успех „во постигнување единство, стабилност и просперитет за Авганистан и неговиот народ“, се наведува во соопштението „се нагласува дека колапсот на окупацијата на Америка и нејзините сојузници е доказ дека отпорот на народот, особено на милитантниот палестински народ, ќе победи“, пренесува Бета …

Во неделата вечерта, член на политичкото биро на Хамас, Муса Абу Марзук, на Твитер напиша дека „Талибанците се победници затоа што беа обвинети за заостанатост и тероризам“, дека сега се попаметни и пореални и дека се соочуваат со Америка и нејзините агенти со отфрлање на половични решенија.

„Талибанците не беа измамени од слоганите за демократија, избори и лажни ветувања. Тоа е лекција за сите угнетени луѓе“, заклучи Марзук.

Израелските медиуми потсетуваат дека Хамас неодамна објави фотографии од својот водач Исмаил Ханије и талибанската делегација, наводно од состанок во канцеларијата на Талибанците во главниот град на Катар, Доха, каде што Ханија живее во последните две години.

Некои Палестинци на социјалните мрежи објавија дека го слават, како што го нарекоа, „поразот“ на САД во Авганистан и им честитаа на „хероите на Исламската Република Авганистан“ за „ослободувањето“ на главниот град Кабул.

Latest News

Мицкоски: Нема веќе поделби Македонци, Албанци, леви и десни, ќе работиме за сите

„Власта помеѓу овие два круга ја плаши бизнис заедницата и граѓаните и сее омраза по основ на етничка омраза,...

More Articles Like This