January 17, 2021, 9:30 am

Пaниka во Кочани: Bocпитyвaчкa пoзитивнa нa Koвид-19 во гpaдинкa пpaти вo изoлaциja 10 дeцa и 2 кoлeшки

Поврзано

Руската вакцина може да ја запре пaндемијата, тврдат европски медиуми

Русија ја направи вакцината „Спутник V“ и покажа можност за самостојно развивање на лек што може да ја потисне...

Во светот вakцините, во Македонија фрижидерите – Филипче се пофали на Фејсбук

Цел Западен Балкан, првенствено Србија и Бугарија, освен БиХ, Црна Гора и Северна, почнаа со вакцинирање на населението против...

(Фото) За прв пат во јавноста: Аркан со синовите Војин и Вељко

На социјалните мрежи се појави никогаш досега објавена фотографија од синовите на Аркан, Војин Ражнатовиќ, како во раце го...
- Advertisement -

Десет деца и две воспитувачки во објектот „Цветови“ на детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани се во домашна изолација. Причина за тоа е позитивниот тест на коронавирусот кај една од воспитувачките на децата од четири и петгодишна возраст, кои ја посетуваат средната група.

Од установата информираа дека изолацијата е превентивна мерка протиhttps://infomax.mk/wp/пaниka-во-кочани-bocпитyвaчкa-пoзитивнa-нa-koвид-19-в/в ширењето на вирусот и засега не се регистрирани нови позитивни случаи меѓу вработените.

– Во градинката најстрого се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, се врши редовна дезинфекција, а изутрината е направена и вонредна дезинфекција во просторијата на средната група, каде што престојуваа дечињата и позитивната воспитувачка. Освен овој случај, и децата и вработените во сите пет објекти на градинката се во добра здравствена состојба, а од понеделник две вработени ќе се вратат на работа, откако им истекува рокот за домашна изолација поради претходен контакт со позитивно лице, истакна Едита Миткова, директорка на градинката „Павлина Велјанова“.

Секојдневнот прием на децата во објектите на градинката се врши во точно определени термини, при што не влез им се мери телесната температура. За сите случаи со сомнителлни симптоми е определена посебна просторија за изолација, по што се информираат родителите.

Во моментот во градинката „Павлина Велјанова“ престојуваат над половина од пријавените 360 деца, иако капацитетот на објектите е скоро двојно поголем.

Latest News

Филипче и Заев два месеци го лaжат народот: Зошто Македонија е последна во регионот и Европа која ќе набави вакцини?

Ако Филипче и Заев два месеци тврдат дека обезбедиле вакцини зошто во Македонија не виде јавноста ниедна вакцина и...

More Articles Like This