October 27, 2021, 4:24 am

Пeт (нe)нayчeни лeкции нa CAД oд нaпaдoт нa 9/11

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали и какви лекции научи САД по 20-годишната борба против тероризмот низ целиот свет? Што беше добро, а што не? Дали светот е попаметен денес, кога талибанците повторно дојдоа на власт во Авганистан, отколку по нападот на 11-ти септември 2001-ва година?

Девет дена по најлошиот терористички напад во Соединетите држави, тогашниот претседател Џорџ Буш рече: “Секоја нација, секој регион мора да донесе одлука сега. Или сте со нас или сте со терористите”.

Тогаш беше објавена таканаречената „војна против теророт“. Потоа следеа американски инвазии врз Авганистан, потоа Ирак,  а на крајот и подемот на Исламската држава (ИСИС) и развојот на различни групи кои имаат поддршка од Иран на Блискиот Исток. Цената? Илјадници мртви војници и цивили.

Тероризмот се уште не е елиминиран. Во последниве години, секоја голема европска земја беше мета на напади. За жал, имаше неколку такви успешни напади. Тие не беа како тој на 11-ти септември, но сепак по тој напад базите на Ал Каеда во Авганистан беа уништени, а нејзините водачи пронајдени во Пакистан. Таканаречениот калифат на ИСИС, кој тероризираше поголем дел од Сирија и Ирак, беше распуштен.

Би -Би -Си направи листа од пет работи што САД (не) ги научи по 20-годишната борба против терористите.

1. Споделување на суштинска интелигенција

Траги постоеја, но никој не ги поврза точките на време. Во месеците пред нападот врз Соединетите држави, главните разузнавачки агенции на Америка – ФБИ и ЦИА, беа свесни дека нешто се подготвува.

Меѓутоа, ривалството ги спречи тоа да го споделат меѓусебно. Оттогаш, комисијата за 11-ти септември ги следи и детално проучува тогашните направени грешки.

Иако 17 американски агенции дневно разменуваа информации во американскиот Национален антитерористички центар по нападот, институции слични на оние во Британија и ЕУ, можни се и нивни пропусти и грешки. Пример е нападот во Париз во 2015-та година, во кој загинаа 130 луѓе и кој е, делумно, резултат на неуспехот на европските власти навремено да разменат информации.

2. Дефинирање на мисијата

Од бројните причини за враќање на талибанците на власт во Авганистан, се издвојува една – американската инвазија на Ирак во 2003-та година. Таа погрешна одлука го одвлече вниманието на јавноста од она што се случуваше во Авганистан.

Силите што успешно ги гонеа оперативците на Ал Каеда и работеа со авганистанските партнери за да спречат враќање на талибанците, потоа беа испратени во Ирак, што им овозможи на талибанците да се прегрупираат и да се вратат посилни од кога било.

Заборавено е дека првичната мисија во Авганистан беше јасна и добро извршена. Кога талибанците одбија да го предадат Осама бин Ладен и неговите сојузници, САД се здружија со Авганистанците кои не ги поддржаа талибанците и успешно ги протераа и Ал Каеда и талибанците од земјата. Во следните години, мисијата се „разреди“ и се прошири во неколку насоки. Иако животот на повеќето Авганистанци значително се подобри во тој период, милијарди долари наменети за градење нација беа потрошени за корупција и злоупотреба.

3. Внимателно бирање на партнерите

Британското партнерство со Соединетите држави во инвазијата на Ирак во 2003 година значеше дека Лондон е помлад партнер во сите клучни одлуки донесени по окупацијата. Апелите за распуштање на армијата на Ирак и забрана за учество на членовите од партијата Баас во владата беа игнорирани. Резултатот беше катастрофален сојуз на разочарана и неодамна отпуштена армија на Ирачани и фанатични џихадисти. Така настана и ИСИС.

Колективната паника по нападот на 11-ти септември значеше дека американското и британското разузнавање соработувале со одредени режими познати по кршењето на човековите права.

Кога режимот на Гадафи беше соборен во Либија во 2011-та година, новинарите најдоа писмо од висок функционер на МИ6 до неговиот либиски колега во кое се разговара за екстрадиција на исламски дисидент.

Денес, насилниот џихад ги опустошува сиромашните и лошо управуваните делови на Африка, оставајќи го Западот не знаејќи како да се обедини.

4. Почитување на човековите права и моралот

Се до Гвантанамо, луѓето на Блискиот Исток честопати велеа дека не ја сакаат американската надворешна политика, но го почитуваат нивното владеење на правото.

Собирањето на осомничените на „бојното поле“, вклучувајќи ги и невините цивили кои беа продадени во ропство, а потоа принудени да носат пелени, очила за сонце и навлаки за уши додека се префрлаат од една половина на светот во американскиот притворен центар во Куба, направи неизмерна штета на американската репутација.

Како тоа да не беше доволно, потоа имаше неколку теории за американски „напредни испрашувања“, задушувања, мачења и тероризација на затворениците во „црните простории“ на ЦИА, каде терористите едноставно исчезнаа. Администрацијата на Обама го прекина тој процес, но штетата веќе беше направена.

5. План за излез

Интервенциите на Западот пред 11-ти септември беа брзи и лесни и сите имаа дефинитивен крај. Американските инвазии врз Авганистан и Ирак резултираа со „бескрајни војни“. Во 2001-ва и 2003-та година, никој не ни сонуваше дека американските војски ќе продолжат да се борат и две децении подоцна. Западот едноставно не знаеше во што навлегува и тие немаа реален план за излез од целата ситуација.

Нема сомнение дека нападите низ целиот свет би продолжиле доколку Западот не ги собореше талибанците и Ал Каеда во Авганистан.

На крајот, кај луѓето само една слика ќе биде врежана во сеќавањата. Како очајните Авганистанци трчаат покрај американски транспортер што полета и се обидуваат да избегаат од земјата која САД ја напушти.

Latest News

(Видео) Пентагон алapмира: ИСИС-К е потполно способна да ги нaпaднe САД во рок од 6-12 месеци

ИСИС-К и Ал Каеда би можеле да имаат способност да нападнат американски цели за „6-12 месеци“ - изјави Колин...

More Articles Like This