Пoвeќeтo зeмjи вo Европа вoвeдyвaaт или гo пpoдoлжyвaaт зaтвopaњeтo

Поврзано

Kopoнaтa pyши нecлaвни peкopди во Индија: Haд 4 илјади лицa пoчинaa, peгиcтpиpaни пoвeќe oд 400 илјади нoвoзapaзeни..

Во Индија за еден ден починаа рекордни 4.187 луѓе, а државата регистираше над 400 илјади новозаразени од ковид-19, покажуваат официјалните...

Haд 11.000 akтивни cлyчaи вo Македонија: Eвe пo кoлкy зapaзeни имa вo гpaдoвитe

Досега во земјата се направени вкупно 738.012 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот...

Ретко невролошко нapyшување пријaвено како нecaкана рекција на вакцините АстраЗенека

Европскиот медицински регулатор објави дека испитува ретки случаи на нарушувања на нервниот систем кај луѓе кои примиле вакцина АстраЗенек,...
- Advertisement -

Повеќето европски земји повторно воведуваат целосно или делумно затворање во рамки на борбата против зголемувањето на бројот на нови инфекции и смртни случаи од Ковид-19.

Франција, Италија, Шпанија и Португалија воведуваат нови построги мерки и нови затворања, додека строгите мерки остануваат на сила во Германија и Ирска. Шведска, пак, ги заостри мерките пред неколку дена, но тие сè уште не се толку драстични како во другите делови на Европа.

Франција овој викенд делумно ги затвора деловите погодени од новите жаришта, а тоа ќе го почувствуваат жителите на Ница и крајбрежјето на југ и на север околу Денкерк.

Германија исто така се соочува со зголемување на бројот на заразени и таму се во сила строгите мерки, така што сите продавници, освен за храна, како и училиштата, рестораните, кафулињата и баровите, фризерниците, трговските центри … се затворени.

Чешка надмина 20.000 смртни случаи, болничкиот систем беше преоптоварен, а Парламентот во петокот не го одобри предлогот на Владата за продолжување на вонредната состојба во март, но малцинската влада на Андреј Бабиш веднаш прогласи нова вонредна состојба за 30 дена, која стапува на сила во недела.

Шпанија го задржа полицискиот час во сите делови на земјата најдоцна до мај, а на луѓето им е дозволено да одат надвор само за работа, образование и купување лекови или во случаи кога е потребна помош за стари лица и деца.

Во Белгија заклучувањето е продолжено до 1 април, додека неодамна беа воведени нови ограничувачки мерки и во Португалија.

Некои земји како Грција, Холандија, Данска, Италија и Хрватска се одлучија за делумно олабавување на мерките, главно по региони.

Latest News

Kopoнaтa pyши нecлaвни peкopди во Индија: Haд 4 илјади лицa пoчинaa, peгиcтpиpaни пoвeќe oд 400 илјади нoвoзapaзeни..

Во Индија за еден ден починаа рекордни 4.187 луѓе, а државата регистираше над 400 илјади новозаразени од ковид-19, покажуваат официјалните...

More Articles Like This