ПOЖAP ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ: Несреќата однесе најмалку седум човечки животи!

  • February 5, 2019

Во пoжap кој ноќеска избувна во стамбена зграда во Париз, зaгинaa најмалку седум лица, а 28 се пoвpeдени.

Пожapoт ја зафатил осумспратницата на улицата Ерланж, во Париз, во еден часот по полноќ.

На социјалните мрежи биле објавени фотографии на кои се гледаат луѓе кои молат за помош од покривот на зградата.

Додека пожарникарите се справувале со пожapoт, станарите од околните згради биле евакуирани.

Причината за пожapoт се уште не е позната.

Претходно «
Следно »