January 24, 2021, 9:07 am

Пoлитикитe нa oвaa Bлaдa пpeдвoдeни oд Зоран Заев дoживyвaaт eднo фиjacкo нa jaвнa cцeнa

Поврзано

Пендаровски барем еднаш нека излезе од сенката на Заев и нека одбиe да го потпише штeтниот закон за попис

Пропaднат и фaлсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Зоран Заев, затоа е потребно повлекување...

Aрсовски до Филипче: “Heмa дa ce извинaм, пpaтивтe ли дeмaнт дo Брнабиќ?”

Немам намера да се извинам, дали побараа извинување и од српската премиерка Ана Брнабиќ, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче...

Дoдeкa гpaѓaнитe нe мoжaт да вpзaт кpaј co кpaј, зa влaдинитe фyнкциoнepи минимaлнaтa плaтa изнecyвa 60 илјади денари

Нема зима за владините функционери, додека граѓаните живеат со по две евра на ден и едвај врзуваат крај со...
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на ТВ 24 “Само Анализа”, гостуваше пратеникот од “Гром” Љупчо Пренџов, каде зборуваше во однос на ситуацијата со Владо Бучковски како специјален претставник на Владата за бугарското прашање за преговорите, што според него, тоа е еден неупех на Владата за преговорите со Бугарија.

“Со именувањето на Владо Бучковски, прво се бајпасира Бујар Османи, второ се покажува еден целосен неуспех на преговорите со Бугарија. Сакам да ја потсетам јавноста дека преговорите со Бугарија започнаа на 2-ри Август, на ден Илинден кога народот празува, го потпишаа договорот за добрососедство. А сега во завршна фаза влегуваат и влегоа во екот на корона-пандемијата додека граѓаните практично спасуваат жива глава од ова што се случува во општеството. Многу е помалку важно што Владо Бучковски е назначен, иако неговите ставови за Бугарија ние ги знеме уште од 2013 година, тој не се срами да ги каже. Тоа е сосема ирелевантно за македонската јавност, тоа е сосема ирелевантно за Македонската држава. она што е важно е тоа што македонските граѓани се излажани по којзнае кој пат во Република Македонија со она што требаше да го смениме името за да влеземе во Европса Унија. Две години потоа гледаме дека не можеме да влеземе во ЕУ. Практично политиките на оваа Влада предводени од Зоран Заев доживуваат едно фијаско на јавна сцена. Јас мислам дека договор нема да се потпише до 8-ми декември, не дека Заев не го сака тоа. Согласно тоа што и се случува на Република Македонија, кога ќе ја видиме целата општествена атмосфера, по сектори, образование, правосудство, здравство итн, ќе видиме дека единствената работа за која што Владата зборуваше беа почетокот на преговори со ЕУ, и кога ќе видиме за жал не можеме да ги добиеме тие заслужени и посакувани преговори, едниствено кое што граѓаните ќе можат да констатираат, е дека “царот е гол”. – Истакна Пренџов.

Latest News

Пендаровски барем еднаш нека излезе од сенката на Заев и нека одбиe да го потпише штeтниот закон за попис

Пропaднат и фaлсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Зоран Заев, затоа е потребно повлекување...

More Articles Like This