November 30, 2021, 11:37 pm

Пoлитичкa kpизa вo Бугарија? – Стефан Јaнeв пoдгoтвeн пoвтopнo дa бидe тeхнички пpeмиep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на државата го одредува составот на техничкиот кабинет, и – да, доколку е потребно, можам да ја извршам таа функција. Тоа го изјави бугарскот технички премиер Стефан Јанев во интервју за телевизијата Нова како одговор на прашањето дали ќе продолжи да биде премиер и во наредниот привремен кабинет.

– Дали изборите ќе бидат два во едно или одделно, во голема мера зависи од одлуката на Парламентот, што ќе ги закаже претседателските избори, изјави Јанев, пренесе БТА.

Тој додаде дека одлуката на претседателот да закаже нови парламентарни избори ќе се базира на одлуката на Националното собрание.

-Организацијата на изборите не е лесен процес и треба да започне доволно рано заедно со ЦИК, рече Јанев. Според него, државата е подготвена да организира избори и 2 во 1 и одделно.

– Проблемите ќе бидат со ЦИК, бидејќи на изборите 2 во 1 ќе има потреба од купување нови машини, ќе има потреба од повторно прилагодување на машините за гласање.

Latest News

Пожар во бараките на ИСППИ во Тафталиџе

Помал пожар избувна вечерва во бараки во населбата Тафталиџе во скопски Карпош, објави 360 степени. Според информациите од терен, пожарникарите...

More Articles Like This