Пoлициjaтa го зaплeни „Гoлфот“ за кој се coмнeвa дека е користен во бeгcтвoтo на Мијалков

Поврзано

Исчeзна 73 годишен маж кој болeдува од алцxајмерова и пaркинсонова болeст

Во Полициската станица Центар, Л.И.(45) од Скопје на 08.03.2021 во 00.30 часот пријавил дека на 07.03.2021 од домот се...

Тpaгeдијa: Пронајдено мpтвo тело покрај Вардар во с.Долно Лисиче

Во СВР Скопје вчера во 15:42 часот било пријавено дека во с.Долно Лисиче, скопско, на брегот на реката Вардар...

Зaпален уште еден автомобил: Изгopе БМВ во Скопје

На 08.03.2021 во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„8-ми Септември" настанал пожар во возило „бмв",...
- Advertisement -

Автомобилот „Голф 7“ со кој попладнево во полициската станица „Пролет“ пристигна член на обезбедувањето на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков е запленет, а врз него најверојатно ќе се врши форензичка анализа и прибирање на ДНК материјал, дознава „Инфомакс“ од извори во полицијата.

Неофицијално, автомобилот кој вечерва го заплени и запечати полицијата бил забележан на една од камерите. како се движи во правец на еден граничен премин, па полицијата се сомнева дека тоа е автомобилот кој бил користен при бегството на Мијалков, вчеравечер.

Според обвинителката Вилма Русковска, информации дека Сашо Мијалков подготвува бегство полицијата добила уште во саботата напладне, по што било договорено да се побара мерка за обезбедување на куќен притвор.

Како мерка на претпазливост, бил следен и мобилниот телефон на Мијалков, чиј сигнал бил следен од кафулето „Дистрикт“ кое се наоѓа во склоп на хотелот „Мериот“ до неговиот дом на Водно. Но, кога полицијата пристигнала во неговиот дом го пронашле само телефонот.

Дестинацијата која би можел да ја одбере Мијалков за своето бегство е една од три земји, ниту една членка на Европската Унија, а се лицитира со Србија, Црна Гора и Израел.

По Мијалков е распишана меѓународна потерница.

Latest News

Пронајден мpтoв: Пронајдено тeлотo на фудбалската ѕвезда која иcчезна во саботата

Поранешниот млад фудбалски репрезентативец на Уругвај, Франко Акоста кој исчезна во саботата денес е пронајден мртов. Поранешниот напаѓач на Виљреал...

More Articles Like This