January 27, 2021, 2:38 am

Пoплавени улици во Скопје, отворени шахти, оштeтени возила

Поврзано

Се ykинува зaбраната за движење на тешки моторни возила на Стража

ЈП Македонија пат информира дека е укината забраната за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража. Како што...

Поради интензивни врнежи од снег забpaна за движење на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

МСМ информира дека од 23:10 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак...

Трајановски: Проектот Луна парк е завршен во 2018 година, Шилегов проектот го чува во фиока, реквизити стојат по магацините

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски во гостување во Радио Лидер во емисијата Филибастер, вели дека доколку...
- Advertisement -

Поплавени улици, отворени шахти, оштетени возила, метеж и нервоза од граѓаните, но и од возачите. Ова е сликата од невремето кое ја зафати цела Македонија, и направи пустош секаде. Силниот дожд кој вчера го зафати и Скопје, ги поплави улиците и булеварите и предизвика големи потешкотии во сообраќајот.

Во главниот град речиси сите улици беа претворени во реки, вели за Алфа жител од скопска Кисела Вода, кој со години мака мачи при секој посилен дожд. Упатува апел до надлежните час поскоро да се фатат за работа, но темелно, не само провизорно.

– Оваа улица каде сега стоиме синоќа беше река, полна со вода и беше страшно. Јас често им упаќам апели до градските власти да ги прават улиците како што треба, не само шмикерај, како што тоа го прават, токму затоа ни се случува ова, што со години ни се случува при секој посилен дожд. Ова е катстрофа, мора да се работи за да немаме вакви штети, како оваа последна во низата, вели за Алфа Ѓорѓи Цветковски, жител на скопската населба Кисела Вода.

Жителите велат дека водата од улиците навлегла и во подрумските простории поради лошата инфраструктура.

– Ова водава што надојде се во подрумските простории навлезе и во куќите, но и во околните згради, а тоа е последица на лошата инфраструктура, додава Цветковски, кој цел живот работел како надзор на многу проекти.

Ако се суди според денешната слика, општинските власти се уште не се излезени на терен да ги санираат дупките. Единствено само општина Кисела Вода пушти служби кои го расчистуваа ѓубрето кое остана расфрлано по улиците.


Работниците за Алфа велат дека излегле на терен веднаш штом им кажале градските власти. Кога дошле на лице место, велат, сликата била страшна.

– Веднаш штом ни јавија надлежните дојдовме уште рано сабајле, да ги средиме улиците. Ова што го видовме тука е катастрофа, и верувам дека ќе се среди работава набрзо, велат работниците за Алфа, кои ги затекнавме на лице место како работат.

Но поплавените улици не се единствен проблем за граѓаните. Се уште зјаат отворени шахти по главните улици, односно онаму каде што поминуваат градските автобуси.

Како последница на невремето, речиси цела Кисела Вода има поставено знаци дека има дупки по улиците, со цел да се спречи немил инцидент.

Невремето, освен во Кисела Вода, Припор, Сопиште и околните места, остави последици и во скопски Аеродром. Таму не беше толку силно, но сериозен проблем се дупките по улиците кои се преполнија со вода, и кои можеа некому да остават трајни последици. Ниту од Водовод и канализација, ниту од Градот Скопје, барем денеска не беа достапни за јавноста.

Latest News

(Видео) Ekcплозијата го потрeсе Ријад

Експлозија го потресе главниот град на Саудиска Арабија Ријад во вторникот, три дена откако кралството пресретна и уништи проектил. Корисниците...

More Articles Like This