Пoчинa професорот Анѓелко Ѓорчев, таткото на Влатко Ѓорчев

Поврзано

3acтрелан вojник на АРМ на вoeниот полигон „Криволак” за време на воени вежби

На 17.04.2021 во 13,45 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека околу 13,00 часот при изведување воени вежби...

Даниел Кајмakockи пријавил дека поранешната сопруга во кафе му ставила дpoга

Во скопскиот Клинички центар завчера завршил пејачот Даниел Кајмакоски откако му се слошило по средба со поранешната сопруга. Тој...

Пpивeдeн kpaдeц вo Скопје: Сpeд бeл дeн oгpaбил жeнa

Крадец од Скопје на возраст од 31 година, денеска во 11 часот е приведен, кратко време откако било пријавено...
- Advertisement -

На Клиниката во Ниш денеска почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72). Тој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.

Докторот Анѓелко Ѓорчев не се разбудил од кома во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд. Семејството чекаше да се подобри неговата состојба, но тоа не се случи.

Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист.

Како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.
Професорот има специјализации и дополнителни усовршувања со конгреси, обуки и семинари во: Љубљана 1980, Лион и Париз 1986, Белград 1987, Будимпешта 1998, Лондон 1990, Брисел 1991, Мајами, Париз, Виена 1992, Сан Франциско, Лондон (Англија – Ројал Бромптон Болница), Ерусалим, Фиренца, Ротердам 1993, Ница, Столкхом 1994, Барселона, Сиетел 1995, Њу Орлеанс 1996, Берлин, Лондон 1997, Бирмингем и Саутемтон 1998, Мадрид 1999, Торонто 2000, Лисабон 2000, Берлин 2001, Неапол 2002, Виена 2003, Париз 2003, Амстердам 2004, Копенхаген 2005, Минхен 2006, Столкхом 2007, Берлин 2008, Барселона 2008, Виена 2009, Варшава 2009, Италија 2010, Бугарија 2010, Барселона 2010, Лондон 2010…

Беше член на Американското торакално здружение, Европско респираторно здружение, Британско торакално здружение и на Француско респираторно здружение.

Latest News

Народот yдpи по Стојчевска: Ти пишува „седи дома“ на фејсбук, ама изгледа тоа не важи за тебе

Социјалните мрежи попладнево буквално вријат по скандалот кој го предизвика пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ која позитивна на...

More Articles Like This