Пo вчерашното одложување, продолжува судењ ето за „27 април“

  • November 21, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случу вањата во Собранието на 27 април минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и за денешното рочиште е предвидено да се продолжи со читање на вештаче њата од СМС и вибер комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите.

Пред да го одложи вчерашното рочиште судијката Добрила Кацарска констатира дека одбраната повлекла дел од доказите и го утврди текот на работењето на следните рочишта.

„Откако одбраната повлече дел од предложените докази, тогаш за рочиштето на 26 ноември може да бидат повикани двајца сведоци предложени од одбраната на Муковски, а потоа да завршиме и со одбраната на Василевски, Арнаудов и Трачуловски“, рече судијката Кацарска

Претходно «
Следно »