ПOCЛEДНИ „ТРЗАИ“ НА ЗАЕВ: Премиерот ќе ја cпacyва Катица Јанева – се преиначува oдгoворнocта за Јанева од „нeзaкoнско“ во „нecoвесно“ работење како причина за paзpeшување

  • September 13, 2019

Пратениците на СДСМ на утрешната собраниска седница ќе го поддржат разрешувањето на Катица Јанева, но, не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за ТВ „Сител“.

– Толку е нелогично тоа дека во „Рекет“ некој бил вмешан од блиските луѓе на Заев и затоа не се разрешува Катица Јанева, едно со друго нема „блага врска“. За Собранието да не ги кочи постапките на барање на Советот на обвинители, тоа ќе постапи. Нашето укажување и писмено го дадовме, дека ќе дадеме поддршка во Парламентот, но не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, истакна Заев.

Според него, мандатот на Јанева истекува на 15 септември, а Собранието не смее да биде причина и пречка на постапката.

Заев повтори дека тој го пријави случајот „Рекет“, а Обвинителството е целосно ослободено и постапката се води максимално транспарентно.

– Сакам постапката да заврши час поскоро. Граѓаните сакаат да ги знаат одговорите. Постојат закони во државата и треба да се постапува по нив. Јас сум задоволен зашто веќе нема влијание врз правосудството, потенцира премиерот.

Претходно «
Следно »