ПOPAЗИТЕЛНА СТАТИСТИКА: За шест години 3736 матуранти помалку

Поврзано

Ахмети до СДСМ: Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат

Ахмети одговри на прозивките на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека за ДУИ е најдборо да оди во опозиција...

Николоски: Во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ не очекуваат три странски инвестиции

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, во вечерашното интервју за Македонската телевизија,...

Николоски: Радување на Заев, Димитров и Шекеринска на изјавата на Ципрас е дно и национално предавство

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, во вечерашното интервју за Македонската телевизија,...

Државна матура годинава се пријавиле да полагаат 15.553 ученици во државата. Пред шест години, односно во 2013 година, оваа бројка била 19.289, што покажува дека за овој период, бројот на ученици кои го полагаат овој испит, што е услов за упис на факултет, се намалил за 3.736 матуранти. Во 2015 имало 17.600 пријавени ученици, а во 2016 – 16.859. Бројките покажуваат дека во континуитет опаѓа бројот на матуранти, кои се дел од задолжителниот образовен систем, анализира Мета.мк.


Од пријавените годинава, 7.692 се од гимназиско образование, 7.604 од средно стручно образование и 257 од средно уметничко образование, информираат во Државниот испитен центар.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење, во Република Македонија учениците екстерно полагаат три предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик. На 1 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик. Како и секоја година и оваа најмногу матуранти имаа избрано да полагаат англиски јазик и тоа 14.413. Бројот на кандидати кои се пријавиле да ги полагаат останатите странски јазици е многу помал. Француски јазик ќе полагаат 59 кандидати, германски јазик 201, а руски јазик 15 кандидати – објаснуваат за „Мета“ од Државниот испитен центар.

На 8 јуни македонски јазик и литература ќе полагаат 10386 кандидати, албански јазик и литература 4.566, а 327 турски јазик и литература. На 11 јуни ќе се полага физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија, социологија и естетика. Бизнис ќе полагаат 4206 кандидати, историја 2.407, биологија 3631, филозофија 2691, социологија 569, хемија 227, физика 128 и естетика 166.

На 13 јуни ќе полагаат 2.049 кандидати математика. Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ. Сите испити почнуваат во 10 часот.

Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани и 2.388 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи. Од ДИЦ на сите матуранти им посакуваат успешно да ги положат испитите.

Актуелно

(Видео) Нов блам на Заев, го нaпаѓа Макрон пред пранкери кои се претставија како Грета Тунберг и нејзиниот татко

Зоран Заев стана мета на нов меѓународен блам овој пат на пранкери кои се преставија како активистката против климатските...

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Гевгелија

Xристијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, оствари средба со жителите на Гевгелија. Следете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2791515140954941

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Богданци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со жителите на Богданци. проследете те го неговото обраќање во живо. https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/388385615456126

(Видео) Следете во живо: Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Богданци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес ја посети општина Богданци. Тој на средбата со граѓаните од оваа општина и им ја претстави програмата со која...

Зaконoт за потекло на имотот ќе биде донесен, тој што не може да го докаже потеклото на истиот ќе се кoнфиcкувa и кpивичнo ќе...

Тоа што ние го ветуваме и на што се обврзуваме е дека ќе донесеме закон со кој ќе се провери имотната состојба на сите...

Повеќе вести