December 8, 2021, 4:57 am

Пpвпaт зaвpнa дoжд нa Гpeнлaнд нa виcинa oд 2.600 мeтpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првпат откако се вршати мерењата, заврна дожд на ледениот врв во Гренланд, на надморска височина од 2.600 метри, а не снег, што е обичај досега.

Температурите на врвот на Гренланд за време на викендот се искачија над нулата по трет пат за помалку од десет години, објави Си-Ен-Ен.

Топлиот воздух донесе силен дожд, кој испорача седум милијарди тони вода на површината на мразот.

Ова беа најголемите врнежи на ледениот брег на Гренланд од почетокот на мерењата во 1950 година, според американскиот Национален центар за снег и мраз (NSIDC), а количината на ледена маса изгубена во неделата е седум пати поголема од дневниот просек за ова време од годината.

Висок истражувач, научник на NSIDC на Универзитетот во Колорадо, рече дека ова е доказ дека Гренланд брзо се затоплува.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This