November 28, 2021, 7:39 pm

Пpивeдeни двe лицa ocoмничeни зa kpaжбa вo пpoдaжeн oбjeкт во Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска 10 минути по полноќ ги лишиле од слобода Н.Д.(35) и К.А.(27), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во продажен објект.

Како што соопшти МВР, при нивен личен преглед и при претрес во домот на Н.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари и разни предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Предметите и парите биле вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.

Latest News

Ристо Никовски: Кој и зошто го пушти Заев низ вода?

На крајот од долгиот и темен македонски тунел се појави мало светло – Заев ја напушта политичката сцена! Тој...

More Articles Like This