Пpитвop oд 48 чaca зa кocoвcки дpжaвjaнин зa пykaњeтo вo Ѓорче Петров

Поврзано

3acтрелан вojник на АРМ на вoeниот полигон „Криволак” за време на воени вежби

На 17.04.2021 во 13,45 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека околу 13,00 часот при изведување воени вежби...

Даниел Кајмakockи пријавил дека поранешната сопруга во кафе му ставила дpoга

Во скопскиот Клинички центар завчера завршил пејачот Даниел Кајмакоски откако му се слошило по средба со поранешната сопруга. Тој...

Пpивeдeн kpaдeц вo Скопје: Сpeд бeл дeн oгpaбил жeнa

Крадец од Скопје на возраст од 31 година, денеска во 11 часот е приведен, кратко време откако било пријавено...
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднело писмено известување за настанот што се случи на 01.03.2021 година, околу 16 часот, на улица „Борис Сарафов“ во Скопје, кога од патничко моторно возило „голф 5“ без регистарски таблици беше пукано со огнено оружје кон автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, управувано од лице од село Горно Свиларе, при што возачот на „мерцедесот“ се здобил со прострелна рана во левата натколеница.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесеното писмено известување, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднело Предлог за определување краткотраен притвор од 48 часа против едно лице, косовски државјанин.

– Ваквата мерка беше побарана со цел да се обезбедат докази за евентуална инволвираност на тоа лице во кривично-правниот настан. Предлогот на јавниот обвинител беше прифатен и на лицето со решение му е определен краткотраен притвор од 48 часа, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

За истиот настан, посочуваат во соопштението, уште едно лице беше лишено од слобода, но тоа лице е пуштено, бидејќи од МВР не биле обезбедени и приложени докази за негова инволвираност.

Надлежниот јавен обвинител денеска издал повеќе наредби за вештачење на биолошки траги, на чаури од испукани куршуми и други наредби за обезбедување докази. – Од добиените резултати од наредените вештачења зависи дали ќе се потврди директната инволвираност во настанот на лицето за кое беше определен краткотраен притвор. По изготвување на овие вештачења, согласно Законот за кривична постапка, Обвинителството ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката, стои во соопштението од ЈО.​

Latest News

Тасевски: Како ќе ја крстите дијагнозата кога партиски шефови ви вршат пpитиcok со скaфандер да одите во собрание?

Aктерот Сашо Тасевски го коментира однесувањето на власта и последниот пример за гласање на позитивни пратеници во Собранието. Според него,...

More Articles Like This