May 16, 2021, 10:06 am

Пpaвославните xpистијани го празнуваат втор ден Beлигден

Поврзано

- Advertisement -

Православните христијани денеска го слават вториот ден од Христовото Воскресение. По овој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар.

Воскресението Христово беше објавено завчера на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква, а празнувањето продолжува со воскресенски литургии. На Воскресниот понеделеник продолжува гозбата и веселбата, на кои се угостуваат роднините, кумовите, комшиите и пријателите.

Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Вториот ден Велигден, е државен празник и неработен ден за сите граѓани во Република Македонија.

Latest News

Израел ja бomбapдиpaшe кyќaтa нa глaвниoт лидep нa Хaмac вo Гaзa

Израелската војска во неделата соопшти дека го уништила домот на главниот водач на Хамас во Газа, трет ваков напад...

More Articles Like This