ПPEКРШOЧНА ПPИJAВА ПРОТИВ ЌЕРКАТА НА ПАНОВСКИ: Директорката на хематологија го крие имотот, не поднела анкетени лист

  • May 22, 2019

Државната комисија за спречување на кopyпција на денешната седница донесе одлука да поднесе пpeкршoчнa пријава против актуелната в.д. директорка на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска затоа што навреме не поднела анкетен лист.

Пановска е именувана на функцијата на 4.08.2017 година, а според законот има обврска при секое ново назначување да поднесува анкетен лист, односно на секои шест месеци.

– Иако имала обврска четири пати до сега да поднесе завршен анкетен лист и потоа одново бидејќи е четирипати повторно именувана за в.д. директор, таа на 15.05 доставила анкетен лист за сите именувања одеднаш. Констатираме дека тоа е ненавремено поднесување – велат во антикopyпциcката комисија.

Претходно «
Следно »