October 24, 2021, 7:37 am

Пpeтcтaвник нa CЗO co пpeпopaка: Tpeтa дoза нa вakцинaциja пopaди дeлтa cojoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставникот на СЗО, Марјан Ивануша вели дека во моментов се следат повеќе соеви на коронавирусот, но дека најризичен е делта сојот кој драстично влијае на имунолошкиот систем.

Тој вели дека ми сојот засега не претставува голема опасност за граѓаните, за разлика од делта сојот кој брзо се шири и може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај тие кои веќе боледуваат од некои хронични болести.

Кога станува збор за трета доза од вакцината против коронавирусот, претставникот на СЗО истакнува дека појавата на трета доза на вакцина е условена од брзото ширење на агресивната варијанта на коронавирусот, односно на делта сојот.

-Ефикасноста, односно, делотворноста на вакцината со тек на време опаѓа, па поради тоа неопходна е трета доза на вакцина, посебно кај постарите луѓе кои имаат хронични заболувања, вели тој за ТВ Прва.

Тој додава дека третата доза, гледано од аспект на моменталната епидемиолошка ситуација, е многу силна доза на вакцина, насочена кон спречување на ширењето на делта сојот.

Третата доза наменета е за многу луѓе, посебно за повозрасната популација, но специфично е кој би требало да ја прими, претставникот на СЗО вели дека клиничките испитувања се во тек.

Според него, третата доза значително го подобрува имунолошкиот систем на граѓаните и препорака е што повеќе граѓани да се вакцинираат. (МИА)

Latest News

ЕК: Добрососедските односи суштински за евроинтеграцијата, и покрај напорите со Бугарија стартот на преговорите блокиран

Добрососедските односи се суштински дел од процесот на европска интеграција на Македонија и придонесуваат за стабилност, помирување и клима...

More Articles Like This