ПPOБЛEMИ СО АПЛИКАЦИЈАТА МОЈ ДДВ: За да скенирате сметки ќе треба одново да ја симнете

  • July 31, 2019

Ако се обидете да скенирате сметка на мобилниот телефон за поврат на 15% ДДВ, ќе ви се појави известување дека има нова верзија на апликацијата (верзија 1.1.7) со известување дека за да продолжите мора да ја ажурирате апликацијата. Под известувањето пишува „За да продолжете мора да ја ажурирате апликацијата!“

Обновата на апликацијата бара инсталирање одново, а не ажурирање врз постојната, бидејќи при повторното логирање потребно е да се внесе корисничкото име и лозинката. Она што е новитет во новата верзија е рамката во која треба да се насочи камерата за да се скенира фискалната сметка. Може да се одбере тип на баркод скенер и тоа основен и напреден. Останатите опции се исти како и во претходната верзија на апликацијата. Министри во Владата и директори на јавни претпријатија интензивно ја промовираат кампањата на УЈП за повратот на ДДВ за граѓаните.

Претходно «
Следно »