October 18, 2021, 5:47 pm

Пpoгнoзa нa УХМР: Пoплaднe пoвpeмeн дoжд, yтpe cнeг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне во западните делови со повремен дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во останатите делови, кога повремено ќе бидат поинтензивни.

Како што информираат од УХМР, на планините на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Поради спуштање на студена воздушна маса од север во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер.

На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 центиметри. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Latest News

„Падна“ Гугл, корисниците од цел свет пријавуваат проблеми

Корисниците на интернет услугите на Гугл од целиот свет пријавуваат проблеми со функционирањето на „Гугл аналитика“, додека некои корисници...

More Articles Like This