November 27, 2021, 10:26 am

Пpoдoлжyвa coбpaниcкaтa pacпpaвa зa Пpeдлoг-бyџeтoт зa 2021

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата по Предлог-буџетот за 2021 година. Седницата е најавена во 11 часот.

Собраниската расправа по предложениот буџет за следната година почна минатата недела. Министерот за финансии Фатмир Бесими пред пратениците образложи дека Предлог-буџетот има три основни цели – зајакнување на системот на здравствена заштита, поддршка за економска стабилизација, како и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евроатланските интеграции.

„Здравје“ е клучен збор за Предлог-буџетот за 2021 година, рече Бесими, додавајќи дека најважно и најприоритетно е здравјето на граѓаните, здравата економија и здравите финансии.

За опозицијата, предложениот буџет е нереален и строго партиски и со него нема да се поддржат реалниот сектор и граѓаните, додека за пратенците од власта буџетот е континуитет на одговорните и домаќински политики на Владата предводена од СДСМ.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, расправата за Предлог-буџетот трае 10 дена. На владиниот Предлог-буџет поднесени се околу 500 амандмани од кои најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Од болницата „Пирогов“ отпуштени двајца од повредените во автобуската несреќа

Двајца од граѓаните на Македонија повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од софиската болница „Пирогов“. Како што...

More Articles Like This