October 18, 2021, 5:09 pm

Пpoтeчe вaлкaнaта виcтинa зa Меланија – ceмejcтвото Тpaмп нa чeкop oд ckaндaл нa дeцeниjaтa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната портпаролка на Белата куќа, Стефани Гришам, која во текот на четирите години поминати во администрацијата на Трамп главно работела за некогашната прва дама Меланија Трамп, на 5 октомври ќе ја објави книгата „I’ll Take Your Questions Now: What I Saw in The Trump White House“.

Таа на хартија ставила бомбастични детали за кои морала да молчи додека работела за Трамп, а американските медиуми посебно ги интересирало мислењето на Стефани за Меланија која своевремено ја доживувала како блиска пријателка.

Гришам убавата Словенка ја споредила со озлогласената француска кралица Марија Антоанета.

„Таа знае каде се закопани сите костури, а некои лично ги закопала и има и лопата. Стефани за Трамп знае тајни кои дури ниту Меланија не ги знае, тајни за кои тој не сака никогаш да се дознаат. Тие ќе бидат во оваа книга“, изјавиле извори блиски до Стефани.

Стефани во книгата открила и дека поранешната дама наводно дознала за нередите на 6 јануари порано отколку што се мислело тоа, а одбила да даде јавно соопштение во кое тоа би го осудила во неколку минути.

Наместо тоа, таа ладнокрвно се подготвувала за фотосесијата со новиот тепих кој го избрала за Белата куќа.

„Дали сакате да твитнете дека мирните протести се право на секој Американец, но дека нема место на беззаконие и насилство“, гласела содржината на пораката која Гришам ѝ ја испратила на Меланија.

„Не“, кратко ѝ одговорила Меланија.

На поранешната портпаролка овој одговор ѝ го скршил срцето, а набрзо потоа ја напуштила Белата куќа.

Таа во книгата открила и факт дека Меланија го дели мислењето на својот сопруг за тоа дека изборите во 2020 година биле „наместени“, па поради тоа одбила да одржи традиционална чајанка со новата прва дама на Америка – Џил Бајден. Додала и дека Словенката е „вообразена личност која живее во свој свет далеку од реалноста“.

По повод книгата, се огласила и Меланија:

„Намерата на оваа книга е очигледна. Тоа е обид да се „оддолжи“ по лошата работа на местото на секретарка за новинарите, пропаднатите лични односи и непрофесионалното однесување во Белата куќа. Со невистини и предавства таа настојува да стекне релевантност и да заработи на сметка на госпоѓата Трамп“, соопштиле од канцеларијата на Меланија Трамп. 

Latest News

Расте предноста на Арсовска, Шилегов губи со над 7500 гласови

Привршува броењето на гласовите од гласањето на локалните избори за градоначалник на Град Скопје. Досега се преброени 98,10%, а...

More Articles Like This