October 23, 2020, 7:28 am

Пpoфecoркa од Аргентина зapaзeнa со кopoнa, пoчинaлa зa вpeмe на oнлajн нacтaвa

Поврзано

ФДА гo oдoбpи „Ремдесивир“ за лeкyвaњe Koвид-19

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) го одобри првиот лек за лекување на Ковид-19: Ремдесивир, антивирусен лек...

Косово втор ден без cмpтeн случај од ковид-19

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниеден dмpтен случај на зaрaзен од Ковид-19, така што бројот...

Словенија воведува нajcтроги мерки по алapмантната бројка на новозaболeни

Словенија од сабота ќе воведе нови рecтриктивни мерки за спрeчување на ширењето на кopонавирусот меѓу населението. Премиерот Јанез Јанша...
- Advertisement -

Паола Де Симоне, 46-годишна професорка од Буенос Аирес, одржувала виртуелно предавање на своите студенти од нејзиниот дом бидејќи боледувала од ковид-19. Агенциите и медиумите јавуваат дека таа колабирала кон средината на часот и починала пред да стигне помошта.

Прв кој дошол до неа бил нејзиниот сопруг кој работи како лекар, но Паола Де Симоне веќе била мртва во тоа време, пишуваат локалните медиуми.

Универзитетската професорка предавала историја на 20 век, а нејзините студенти ја следеле преку камера. Во еден момент се пожалила дека има проблеми со дишењето, на што нејзините студенти ја замолиле брзо да им даде адреса за да можат да ги известат службите за итна медицинска помош да и помогнат.

„Не можам“, едвај изговори таа, а потоа падна, наведуваат медиумите.

Де Симоне не криела дека има здравствени проблеми.

„Многу е тешко. Овде сум (дома со вирусот) повеќе од четири недели и симптомите не исчезнуваат… Мојот сопруг е веќе исцрпен од толку многу работа”, гласела една од нејзините објави на Твитер.

Ана Бречи, нејзината 23-годишна студентка, ги опиша последните моменти на Де Симоне:

„Таа започна раскажувајќи дека има воспаление на белите дробови. Забележавме дека е во полоша состојба отколку на претходните предавања. Во еден момент веќе не беше во можност да ги менува слајдовите, не можеше да зборува и почна да ја губи рамнотежата“.

„Вашингтон пост“ цитира изјави од луѓе кои ја познавале и биле сведоци на нејзината посветеност на наставата, а студентите многу ја ценеле и ја сакале.

Во Аргентина, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, досега се пријавени повеќе од 450.000 случаи на ковид-19, при што починале повеќе од 9.000 лица.

Latest News

ФДА гo oдoбpи „Ремдесивир“ за лeкyвaњe Koвид-19

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) го одобри првиот лек за лекување на Ковид-19: Ремдесивир, антивирусен лек...

Бикoвитe yживaaт вo paбoтaтa, Oвнитe пoлни caмoдoвepбa

ОВЕН Работа: Полни сте со самодоверба, вредни и амбициозни. Конечно, ги решавате проблемите кои порано сте ги избегнувале и сметале за второрангирани. Љубов: Емотивниот однос е...

Македонофoб и бугарофoб поставен за директор на Управата за развој и унапредување на јазиците, инаку кум на Српче

Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, орган...

Полицијата пpekина свадба со 200 гости во Арачиново

Вечерва околу 21:30 полициски службеници и пазарната инспекција прекинале свадба во угостителски објект во с.Арачиново, дознава Канал5. Во објектот затекнати се околу 200 лица, а...

Косово втор ден без cмpтeн случај од ковид-19

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниеден dмpтен случај на зaрaзен од Ковид-19, така што бројот на жpтви на епидемијата останува...

More Articles Like This