November 30, 2021, 7:51 am

Пykaњe вo Нов Белград cpeд бeл дeн: Meтa бил члeн нa kpиминaлнaтa гpyпa „Пинк Пaнтep“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На паркингот пред трговскиот центар во Нов Белград, каде што попладенво околу 16:40 часот се случило пукање, во кое тешко бил ранет еден маж, во моментов се врши увид од страна на белградската полиција, пренесуваат српските медиуми.

Според „Танјуг“ во тек е интензивно пребарување на околината со цел да се пронајде напаѓачот.

Порталот „Блиц“, пак, информира дека пресметката се случила на паркингот, а напаѓачот потоа го фрлил пиштолот и се дал во бегство.

Од Брзата помош изјавиле дека во Ургентниот центар е донесен тешко повреден маж.

Дел од медиумите јавуваат дека застрелан е 35-годишниот Александар Шарац, кој важел за член на криминалната групата „Пинк Пантер“ позната по своите спектакуларни кражби во западноевропските земји.

Според неофицијални информации, тој веќе им подлегнал на повредите.

Latest News

САД распоредува вoeни сили низ целиот свет за ограничување на руската и кинеската агpecија

Министерството за одбрана на САД ја заврши ревизијата на глобалното распоредување на вооружените сили на САД, која започна во...

More Articles Like This