October 23, 2021, 8:26 am

Радев: Бугарија мора да има Влада,нема време за губење и да организира избори по избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот претседател, Румен Радев, порача дека Бугарија мора да има влада, сите го очекуваат тоа и затоа земјата нема време за губење да организира избори по избори.

Како што јави БТА, Радев потенцира дека очекува од сите политички партии одговорен став, дијалог и консензус за важните приоритети.

Сега е време сите да покажат одговорност – истакна Радев.

Тој посочи дека се надева дека нема да се организираат нови избори.

Но, ако сепак е потребно, ќе ја разберете мојата одлука за тоа дали истата привремена влада ќе остане или ќе има смени – наведе Радев.

На прашањето како би ја оценил работата на сегашната привремена влада, претседателот изјави дека ја извршува својата работа на најдобар можен начин во ситуација.та во која се наоѓа земјата.

Радев учествува во одбележување на празникот на Созопол, посветен на Света Марина, а за утре е предвидено да ја посети црквата Свети Димитае Солунски во Ајтос, при што ќе положи цвеќе по повод 184-годишнината од раѓањето на Васил Левски.

Latest News

„Шaмap“ oд Европската комисија: Пaзapниот инcпeктоpaт нeмa кaпaцитeт зa извpшyвaњe нa зaдaчитe, paбoти co нeдoвoлнo лицeнциpaни инcпeктopи и зacтapeнa oпpeмa

Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Македонија нотира дека земјата е делумно подготвена во делот на слободното...

More Articles Like This