Радев: Трифонов ќе формира влада, а не Борисов

Поврзано

Pama: JaHша одамна ми покажа мапа со пpoменети граници на 3aпаден Балkaн

Рама вели дека постои мапа во врска со промената на границите на земјите од регионот на Западен Балкан. Тој...

Африм Исмаиловиќ побарал азил, Косово не одговара на барањето за ekcтрадиција

Иако македонските власти дале гаранции дека на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм“ за петкратното убиство...

HeBoља во паниka: На стадионот во Хумска пронајдена ДHK на една од жр твите

Во криминалната група на Веља Невоља и Марко Миљковиќ наречен Месар, завладела паника. Биле сигурни дека нема да бидат обезбедени...
- Advertisement -

Во врска со повикот на бугарскиот премиер Бојко Борисов да се свика Големо национално собрание и да се промени основниот закон, прес-службата на шефот на државата потсетила на позицијата на претседателот Румен Радев дека промените во основниот закон не треба да станат залог за нечиј политички опстанок.

„Претседателот ќе го свика Националното собрание во согласност со терминот предвиден во Уставот и откако ЦИК ќе ги објави имињата на избраните пратеници во „Државниот (службен) весник“, соопштиле од бугарската владина прес-служба.

На јавната агенда е прашањето дали партиите застапени во парламентот можат да формираат влада по соодветната уставна постапка. Во спротивно, Националното собрание ќе се распушти и без функционален парламент е незамисливо да се направат уставни измени, според позицијата шеф на државата, испратена до БНР.

Борисов прокоментира и дека нови избори не се решение за земјата и додаде дека парламентот може да одржи седница на која треба да се донесе одлука за свикување на Големото национално собрание, на која претседателот Румен Радев ќе го достави својот предлог за нов Устав на Бугарија.

Тој соопшти дека ГЕРБ, како победник на изборите, ќе предложи влада за да се испочитуваат процедурите согласно бугарскиот Устав, но неговите предвидувања се дека нема да биде избрана, по што мандатот за формирање влада ќе го добие партијата на Трифонов, Има таков народ.

За време на редовна седница на бугарската влада, тој соопшти дека најколегијално побарал од Трифонов да почне со формирање влада.

Latest News

Силен зeмјотрeс од 5,9 степени кај нykлeaрните елeктрани во Иран

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер, утрово го погоди јужниот дел на Иран. Епицентарот бил во провинцијата Бусхер...

More Articles Like This