December 8, 2021, 10:47 pm

Радев: Aлapмантни се случаите на диckpиминација и систематско kpшење на човековите права на граѓаните на Република Македонија со бугарска самосвест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувањето на човековите права и недискриминацијата се фундаментални принципи во основата на Европската унија, и затоа тие мора да бидат водечки критериум во политиката на проширување на ЕУ, рече претседателот на Република Бугарија Румен Радев за време на состанокот со министерот за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска Гордан Грлиќ-Радман, соопшти прес-службата на претседателот.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев и Грлиќ-Радман, беа едногласни дека во интерес на стабилноста на Балканот, европската перспектива на земјите од регионот е од клучно значење, но со исполнувањето на сите критериуми за проширување.
Претседателот Радев ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на човековите права на граѓаните на Република Македонија со бугарска самосвест. Тој изрази поддршка за нивната желба да бидат вклучени меѓу деловите на нациите наведени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, како и на нивните очекувања за објективно одразување на резултатите од пописот.
-За нас е важно меѓу младите од Република Македонија да не се влева омраза кон Бугарите, рече претседателот на Бугарија и даде пример со учебниците во земјата, каде што се уште има искривени толкувања на Бугарија и Бугарите.
Румен Радев и Гордан Грлиќ -Радман констатираа дека билатералните односи меѓу Бугарија и Хрватска се одлични и постојат можности за проширување на соработката во областите од заеднички интерес, како и во блиското културно-историско наследство

Latest News

(Фото) Ископан скелет од досега непознато животно, научниците немаат објаснување

Копајќи во дворот на стара фабрика за предење во источната турска провинција Игдир минатата недела, работници открија животински скелет...

More Articles Like This